Над 1.000 луѓе уапсени на протестите во Русија

пред 3 години

Во центарот на Москва денеска се собраа над 40.000 луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални.

Протестите, кои не беа одобрени од руските власти, беа организирани низ цела Русија, а во извештајот на Ројтерс се наведува дека се уапсени околу 1.090 лица, меѓу кои и сопругата на Навални, Јулија. Информацијата за апсењето ја објави самата Јулија Навални на Инстаграм.

Повеќе од 200 демонстранти беа приведени на рускиот Далечен исток и Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, објави дека најмалку 48 лица биле приведени на денешните протести во Владивосток и Хабаровск.

Навални, најистакнатиот руски политички противник на Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари кога се врати од Германија во Москва, каде мина пет месеци опоравувајќи се од труењето со нервен агенс.

Share
Scroll to Top