Напад со нож врз патници во воз во Германија, повредени најмалку три лица

пред 2 години

Утрово во германската покраина Баварија, напаѓач со нож ги нападнал патниците од возот и повредил неколку од нив, соопшти германската федерална полиција.

„Билд“ објави дека во нападот се повредени три лица, од кои две се здобиле со тешки телесни повреди.

Напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата за телевизијата БР24 изјави дека се уште не се познати деталите за нападот. Тој додаде дека полицијата добила дојава за инцидентот околу 9:20 часот и дека возот потоа бил запрен во близина на населбата Сеуберсдор.

Share
Scroll to Top