Напаѓачот кој уби тројца полицајци во Франција пронајден мртов

пред 4 години

Мажот осомничен за убиство на тројца полицајци е пронајден мртов, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Специјалните единици излегле на лице место по пукањето, пренесуваат медиумите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицајците убиени во инцидентот биле на возраст од 21, 37 и 45 години. Четвртиот полицаец не претрпел рани опасни по живот, додаде Министерството.

Пукањето се случило нешто по полноќ, според британски Експрес.

Тројца полицајци загинаа, а четвртиот беше ранет во пукотница што се случи рано утрово во централна Франција. Од француската полиција потврдија дека тројца полицајци биле убиени во престрелката што се случила во централна Франција и дека друг бил ранет, пренесува Ројтерс.

Претходно, АФП објави на Твитер дека полициските службеници одговориле на повикот поради семејно насилство и дека 48-годишен маж пукал кон нив кога се обиделе да спасат жена, пренесува Ројтерс. Човекот потоа ја запалил куќата. Жената побегнала на покривот, а според медиумите сега е безбедна.

Share
Scroll to Top