Наркотици пронајдени кај малолетничка: нови детали за труењето деца во Белград

Наркотици пронајдени кај малолетничка: нови детали за труењето деца во Белград

пред 10 месеци

Полициски службеници од Полициската станица Стари град поднеле прекршочна пријава против организаторот на настан во ноќен клуб во Белград, во кој деца биле затруени со алкохол, соопшти полицијата. Ноќта меѓу средата и четвртокот биле примени 33 алкохолизирани лица, од кои 12 биле тешко алкохолизирани. Станува збор за малолетници, некои помлади од 15 години.

Вишото јавно обвинителство во Белград, заедно со полицијата, работи на утврдување на сите околности на дадениот случај.

 

Против малолетно лице, учесник во дадениот настан, до Одделението за малолетници при Вишото јавно обвинителство во Белград ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело неовластено држење наркотични дроги, бидејќи кај неа била пронајдена  марихуана.

Текстот Наркотици пронајдени кај малолетничка: нови детали за труењето деца во Белград е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top