Полицијата во Холандија беше „бомбардирана“ со огномет на новогодишната ноќ и се соочи со „невидена количина на насилство“, соопштија локалните службеници.
Црква од 19 век во Амстердам се запали во раните утрински часови, иако причината за пожарот сè уште не е позната.
Кулата на црквата, висока 50 метри, се урна. Властите соопштија дека покривот е тешко оштетен, но се очекува структурата да остане недопрена.
На други места во Холандија, 17-годишно момче и 38-годишен маж загинаа во инциденти поврзани со огномет.
Шефицата на холандскиот полициски синдикат, Нина Коиман, рече дека била „бомбардирана“ со огномет и други експлозивни направи за време на нејзината смена во Амстердам.
„Количината на насилство беше без преседан“, рече таа. Забраната за неофицијални огномети треба да стапи на сила во 2026 година. Според Холандското здружение за пиротехника, рекордни 129 милиони евра се потрошени за нив оваа година.
Текстот Насилство на новогодишната ноќ во Холандија: има загинати, се запали и црква во Амстердам е превземен од МАКФАКС.






