Најмалку шест лица се повредени во експлозијата во Харков, од кои едно дете

пред 2 години

Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и едно дете, во експлозија во вториот по големина град во Украина, Харков, соопшти денеска Украинската државна служба за вонредни состојби за Телеграм, пренесува Си-Ен-Ен.

Експлозијата ја уништи владината зграда, според снимките од инцидентот објавени од Министерството за надворешни работи на Украина (МНР) и претставници на украинската влада.

Клиповите беа објавени на социјалните мрежи рано утринава по локално време, а CNN ги потврди.

Share
Scroll to Top