Најмалку шест работници загинаа откако кран се урна на градилиштето во Тајланд

Најмалку шест работници загинаа откако кран се урна на градилиштето во Тајланд

пред 2 години

Најмалку шест градежни работници загинаа, а неколку се повредени откако кран се урна на градилиште во градот Рајонг, Тајланд.

Инцидентот се случил во кинеска фабрика за челик, а причината за уривањето се истражува, пишува Бангкок пост.

Работниците мигранти вработени на локацијата одржаа протести барајќи компензација од сопственикот од речиси 138.000 долари.

Поради протестот, спасувањето беше привремено одложено, а полицијата беше вклучена во преговори со работниците за да продолжи со спасувачките напори и да ги извлече телата на жртвите.

Текстот Најмалку шест работници загинаа откако кран се урна на градилиштето во Тајланд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top