Наставата во Мелитопољ од септември ќе се одвива на руски јазик?

пред 2 години

Учениците во Мелитопољ, град на југот на Украина, од новата учебна година ќе имаат настава на руски јазик и ќе бидат оценувани со оценки од едeн до пет, изјави Галина Данилченко, шеф на воено-цивилната управа на Мелитопољ, во интервју за ТАСС.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Секако дека нашите деца ќе тргнат на училиште на 1. септември. Децата не посетуваа настава три месеци, па се обидовме да им овозможиме да ја завршат училишната програма, да добијат дипломи и да аплицираат на факултетите. Од 1. септември децата ќе имаат настава со петстепено оценување и на руски“, изјави Данилченко, а пренесе ТАСС.

Share
Scroll to Top