САД: Шест случаи на сериозни алергиски реакции меѓу 250 илјади вакцинирани лица

пред 3 години

Американски здравствени власти соопштија дека меѓу над 250.000 вакцинирани против Ковид-19, имало шест случаи на сериозни алергиски реакции. Центарот за контрола и превенција на болести изјави дека дека повеќе од 272 илјади луѓе биле вакцинирани со вакцината на Фајзер.

Шест случаи на алергиски реакции се пријавени до петокот навечер, како и кај лице со историја на реакции на вакцини. Здравствените власти продолжуваат да ги следат сличните ефекти. Според нив, сите случаи на алергиска реакција се појавиле во препорачаното време на набудување и биле третирани итно.Помалку сериозни несакани ефекти се исто така ретки.

Меѓу првите 215.000 лица вакцинирани во САД, помалку од 1,5 проценти имале проблеми за кои е потребна медицинска нега или не биле во можност да вршат нормални активности. Многу вакцини можат да предизвикаат привремена непријатност, како што се болка во раката или симптоми слични на грип.

Вакцините против Ковид-19 имаат повеќе такви симптоми отколку вакцините против грип, а некои болници го одложуваат вакцинирањето на вработените за да избегнат проблеми коишто би можеле да се појават кај персоналот.

Share
Scroll to Top