Најмалку 21 лице почина во Мароко за 24 часа поради топлотен удар

Најмалку 21 лице почина во Мароко за 24 часа поради топлотен удар

пред 1 месец

Најмалку 21 лице почина во Мароко за 24 часа поради топлотен удар, бидејќи земјата беше погодена од топлотен бран со температури кои достигнаа 48,3 степени Целзиусови во централниот дел на земјата.

Мароканското Министерство за здравство соопшти дека во средата во градот Бени Мелал, во централниот дел на Мароко, починале 21 лице и истакна дека ова е шеста година на суша во таа земја, пренесува Фигаро.

Најголем дел од починатите имале хронични заболувања и главно се работи за стари лица.

Текстот Најмалку 21 лице почина во Мароко за 24 часа поради топлотен удар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top