Најмалку 50 лица заразени со омикрон на божиќна прослава во Осло

пред 3 години

Норвешка во паника. Најмалку 50 луѓе во Осло биле заразени со омикрон.

Случаите се поврзани со неодамнешната божиќна прослава на една компанија во ресторан во Осло, изјавиле официјалните лица, а пренесува агенцијата АП.

Општина Осло преку соопштение наведува дека се очекуваат повеќе случаи.

Официјалните лица се обидуваат да ги откријат начините на пренесување на вирусот на прославата.

Норвешкиот институт за јавно здравје соопшти дека пациентите живеат во Осло и околните општини.

Share
Scroll to Top