Државната служба за управување со катастрофи на Унгарија денес објави дека 9.752 инциденти се регистрирани во целата земја за време на почетокот на силното невреме до 6 часот утрово наведувајќи дека во 5.008 случаи противпожарните единици веќе ја нормализирале ситуацијата.
Во моментот 21.765 домаќинства се без електрична енергија, а 16 локалитети во округот Хајду-Бихар беа без вода до вторникот вечерта.
Националната противпожарна служба објави дека распоредила 502 члена на местата што биле на патот на невремето, а им помогнале 310 члена на доброволни противпожарни здруженија, 74 члена на локални противпожарни единици и 72 локални служби за итни случаи, известува агенцијата MTI.
„Професионалната противпожарна служба на округот Хајду-Бихар е во постојана готовност од средата наутро, а окрузите Чонград-Чанад, Хајду-Бихар, Пешта и Саболч-Сатмар-Берег исто така добија засилување од помалку ранливите делови на Унгарија“, се вели во соопштението на Националната противпожарна служба.
Текстот Невремето предизвика хаос во Унгарија: најмалку 20.000 луѓе без електрична енергија, многумина без вода е превземен од МАКФАКС.






