Невреме во Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Невреме во Турција: Авион принудно слета по удар од гром

пред 10 часа

Авионот, кој летал од Анкара до Бингол во Турција, извршил итно слетување на аеродромот Елазиг откако бил погоден од гром.

Пилотот, откако гром удрил во опашниот дел од авионот, ја променил рутата и од безбедносни причини слетал на аеродромот во градот Елазиг, објави Хабер.

Авионот слета без никакви проблеми, а патниците беа транспортирани од аеродромот до Бингол по копнен пат, објавија турските медиуми.

Текстот Невреме во Турција: Авион принудно слета по удар од гром е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top