Нетанјаху: Наредив веднаш да почнат преговори за ослободување на заложниците

Нетанјаху: Наредив веднаш да почнат преговори за ослободување на заложниците

пред 5 часа

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека дал инструкции веднаш да започнат преговори со цел ослободување на сите заложници во Газа, додека истовремено се работи на одобрување на владин план за преземање контрола над градот Газа.

Во кратка видео-порака снимена во делот на Газа под контрола на јужната команда на израелската војска, Нетанјаху не наведе кому му дал наредба и избегна да коментира дали Израел ќе го прифати предлогот за ослободување на заложниците во фази, кој Хамас го прифати во понеделникот, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Се наоѓаме во фаза на одлучувачка победа. Денес дојдов во Газа за да ги одобрам плановите кои ми ги претставија израелските одбранбени сили (ИДФ) за преземање контрола над градот Газа и пораз на Хамас“, порача Нетанјаху.

Премиерот додаде дека дал инструкции за моментално започнување на преговорите за ослободување на сите заложници и завршување на војната под услови прифатливи за Израел.

„Двете работи, пораз на Хамас и ослободување на сите заложници, одат заедно“, истакна Нетанјаху, додавајќи дека високо ја цени мобилизацијата на резервистите и редовната војска за оваа мисија од витално значење.

Семејствата на заложниците ги одбија овие тврдења, укажувајќи дека Хамас не ослободи ниту еден заложник откако Израел во март се откажа од претходниот предлог за спогодба за заложници. Тие исто така сметаат дека понатамошното ширење на воените операции во градот Газа, каде се верува дека се задржани дел од заложниците, ќе ги изложи нивните најблиски на ризик, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Текстот Нетанјаху: Наредив веднаш да почнат преговори за ослободување на заложниците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top