Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека прекинот на огнот договорен меѓу Вашингтон и Техеран не означува „крај на кампањата против Иран“ и дека Израел е „подготвен да ја продолжи борбата во секое време“.
„Сè уште имаме цели што мора да ги постигнеме и ќе ги постигнеме или преку договор или со продолжување на борбата“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање до јавноста, објави АФП.
Прекинот на огнот „не е крај на кампањата туку чекор на патот што ќе нè доведе до постигнување на сите наши цели“, додаде тој.
„Подготвени сме да ја продолжиме борбата“
Прекинот на огнот со Иран, објавен од американскиот претседател Доналд Трамп, беше договорен „во целосна координација“ меѓу Вашингтон и Израел, рече Нетанјаху, уверувајќи дека неговиот американски сојузник не го изненадил.
„Привремено двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран стапи на сила синоќа, во целосна координација со Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.
„Не, тие не нè изненадија во последен момент“, додаде тој.
Израелскиот премиер изрази поддршка за пристапот на Трамп кон Иран во телефонски разговор во вторникот вечерта, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите, објави Ројтерс.
Текстот Нетанјаху: Подготвени сме да ја продолжиме борбата против Иран во секое време, ова не е крај е превземен од МАКФАКС.





