Бенјамин Нетанјаху уште еднаш ги истакна своите непроменливи ставови за акцијата во Рафах кога најави нов напад бидејќи не сака да попушти пред Хамас.
Нетанјаху рече дека им наредил на војниците да дејствуваат во Рафах, иако денеска во Каиро требаше да биде отворена нова рунда преговори за обезбедување примирје со Хамас.
„Попуштањето пред бизарните барања на Хамас не само што нема да доведе до ослободување на киднапираните, туку ќе предизвика уште еден масакр. Барањата на Хамас се луди“, нагласи тој.
Нетанјаху ја објави наредбата откако го отфрли одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во центарот на интензивните неодамнешни дипломатски напори, иако американскиот државен секретар Ентони Блинкен во средата инсистираше на тоа дека сè уште гледа „простор за договор“.
Во меѓувреме, се зголеми загриженоста за стотиците илјади Палестинци кои побараа засолниште во Рафа долж египетската граница, при што шефот на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека воениот притисок во градот „експоненцијално ќе го зголеми она што веќе е хуманитарен кошмар“.
Текстот Нетанјаху: Попуштањето пред бизарните барања на Хамас ќе доведе до уште еден масакр е превземен од МАКФАКС.