Украински функционер: Во текот на ноќта повторно било пукано во Одеса

пред 2 години

Јужниот пристанишен град Одеса беше погоден во текот на ноќта во воздушен напад, изјави претставник на воената управа на Одеса.

„Неколку проектили погодија еден од окрузите на Одеса, еден објект е погоден“, изјави портпаролот на оперативниот штаб на воената управа на Одеса, Серхи Брачук, пренесува Си-Ен-Ен.

Руските сили погодиле складиште за гориво во Одеса, рано во неделата.

Брачук рече дека нема жртви во инцидентот.

Share
Scroll to Top