Нетанјаху ја отстрани заедничката фотографија со Трамп од „Твитер“

пред 3 години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја смени насловната фотографија на „Твитер“ на која беше со американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп. Тој ја замени со фотографија на која тој се вакцинира против Ковид-19, пренесува „Спутник“.

Заедничката фотографија на двајцата лидери, на која Нетанјаху седи покрај Трамп на состанокот во Белата куќа, долго време се наоѓаше на официјалниот „Твитер“ профил на Нетанјаху. Фотографијата се сметаше за знак на пријателство и блиски врски меѓу Израел и американската администрација предводена од Трамп.

Отстранувањето се случи откако односите меѓу двајцата лидери се влошија откако Нетанјаху официјално му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.

Во описот на новата фотографија на профилот на Нетанјаху се вели: „Граѓани на Израел, се враќаме во живот“. На неговиот профил не беше даден коментар за замената на фотографијата.

Во меѓувреме, Трамп беше блокиран на сите големи социјални платформи по немирите на 6 јануари во американскиот Капитол, кога група негови приврзаници упаднаа во зградата.

Како резултат на судирите, во кои загинаа пет лица, демократските политичари побараа итно отстранување на Доналд Трамп од функцијата.

Share
Scroll to Top