Чешка: Не очекувавме таков одговор од Русија, размислуваме за понатамошни чекори

пред 3 години

Чешка објави дека руското протерување на 20 чешки дипломати е посилна реакција од очекуваната на сличниот потег од Чешка и рече дека владата ќе размисли да преземе понатамошни чекори. Министер за надворешни работи на Чешка, Јан Хамачек рече дека ги повикал колегите од Европска Унија да изразат солидарност денес на видеоконференција.

„Исто така, очекувам дека ќе добиеме поголема поддршка врз основа на ова, и зависи од земјите членки дали ќе донесат некои конкретни одлуки“, додаде Хамачек.

Чешка нареди протерување на 18 руски дипломати, велејќи дека се сомнева на руски разузнавачи за вмешаност во експлозија во складиште за муниција во 2014 година. Русија вчера одговори со протерување на 20 чешки дипломати како одмазда.

„Реакцијата на Русија е посилна отколку што очекувавме, повеќето се дипломати отколку разузнавачите што ги протеравме“, рече Хамачек на прес-конференција.

„Ќе се сретнам со премиерот и ќе разговарам дали и кога ќе биде потребно да се преземат понатамошни чекори од наша страна“, најави тој.

Чешката влада соопшти дека имаат основано сомнение дека двајца руски разузнавачки агенти, обвинети и за напад со новичок во Велика Британија во 2018 година, стојат зад експлозијата на складиште за муниција во Чешка четири години порано, кога загинаа две лица.

Share
Scroll to Top