Австрискиот канцелар Карл Нехамер во пресрет на денешниот Самит на ЕУ изјави дека условите за пристапување на Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Обраќајќи им се на пратениците во австрискиот парламент, тој најави дека Австрија ќе се залага за тоа на ниво на ЕУ.
Нехамер и министерката за европски прашања Каролина Едштадлер истакнаа дека статусот на кандидат за Украина не може да се поистоветува со преговорите за членство во ЕУ, пишуваат медиумите.
Нехамер изјавил дека со давањето статус на кандидат на Украина и на Молдавија, во ЕУ се воведува нова процедура, во која статусот на кандидат се добива уште пред исполнувањето на критериумите на Унијата.
„Ова мора да важи и за другите земји кандидати од Западен Балкан, особено БиХ“, рекол тој.
Изјавил дека се неопходни „јасни сигнали“ за Северна Македонија и Албанија.
Нехамер кажал дека поради историската поврзаност и големата дијаспора, Австрија има посебна одговорност за Западен Балкан.
„Не е разбирливо што на БиХ не и е даден кандидатски статус“, изјавила Едштадлер.
Пратеникот Алојз Штегеризјавил дека руската агресија ја забрзува пристапната перспектива на Украина, но дека тоа не смее да доведе до поделби во Европа.