Новинар на Си-Ен-Ен: Руски оклопни возила се движат кон Харков

пред 2 години

Голем конвој руски оклопни возила денеска поминал покрај дописникот на Си-Ен-Ен, Фредерик Плајтген и се упатил, како што вели тој, кон украинска територија и градот Харков.

„Ова е нешто што го видовме во текот на денот, дека се повеќе од оваа тешка опрема се движеше кон линијата на фронтот“, извести тој од близина на Белгород во Русија.

Тој додаде дека гледањето како Русите се движат во една колона кон линијата на фронтот е секако нешто што е исклучително.

Вели дека тој и неговиот тим денеска слушнале повеќе ракетни фрлачи отколку претходните денови.

Претходно истиот ден, висок функционер за одбрана на САД изјави дека руските сили се соочуваат со најжесток отпор на нивната инвазија на северна Украина по две оски, кон Киев и од Белгород кон Харков воопшто, објави Си-Ен-Ен.

Share
Scroll to Top