Не попушта ситуацијата во Србија, повторно над 5.000 новозаразени

пред 3 години

Според најновите податоци кои ги пренесуваат српските медиуми, во Србија денеска се евидентирани 5.305 нови случаи на коронавирус од 17.208 направени тестови.

Регистрирани се и 29 смртни случаи во текот на изминатото деноноќие.

Во болниците има 228 пациенти кои се на респиратори, од вкупно 5.277 хоспитализирани поради компликации со Ковид-19.

Во Белград заклучно со вчера, вакцинирани се 402.521 лице, односно 28,65 проценти од возрасната популација, а ревакцинирани се 243.065 граѓани или 17,3 проценти од возрасните жители.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ вели дека од понеделник училиштата најверојатно ќе останат отворени за учениците од пониските одделенија во основното образование.

Според него, основците од повисоките одделенија и средношколците ќе продолжат да ја следат наставата од далечина, преку интернет.

Share
Scroll to Top