„Ние не сме свињи“ – стотици Бразилци протестираа против ковид вакцината

пред 4 години

Повеќе од 300 Бразилци се собраа во Сао Паоло во неделата вечерта во знак на протест против државната поддршка за задолжителна имунизација против Ковид-19 и тестирање на потенцијалната вакцина изработена од кинески Синовак.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Ние не сме свињи“, „Не сакаме вакцина“, а многу учесници не носеа заштитни маски.

„Ова не се случува никаде во светот, па дури ни во Кина“, рече еден од демонстрантите.

Претходно, гувернерот во земјата, Жоао Дорија рече дека имунизацијата треба да биде задолжителна кога вакцината е патентирана, што е спротивно на ставот на претседателот Жаир Болсонаро, кој смета дека вакцинацијата мора да биде доброволна.

Повеќето вакцини во Бразил се задолжителни. Во Сао Паоло се тестира вакцината на кинеската компанија Синовак како дел од третата фаза на клиничко тестирање.

Share
Scroll to Top