Нова мапа на руската инвазија – северот е ослободен, фокусот е префрлен на исток

пред 2 години

Руското Министерство за одбрана неодамна објави дека ќе ги пренасочи борбените активности во Украина на исток од таа земја, а таа промена на фокусот е јасно видлива кога ќе ги погледнете новите мапи на движењето на руските сили.

Оваа недела британското Министерство за одбрана објави нова мапа на руските напади во Украина, на која се гледа дека практично е ослободен целиот север, но и регионот на Чернобил. Битките на север се уште се водат само во две области околу границата со Белорусија.

Областите околу Киев беа означени како ослободени откако Украинците во текот на викендот објавија дека ослободиле големи области северно, североисточно и северозападно од главниот град.

Мапата го забележува и огромното ослободување на територијата од Киев на исток.

Црвените стрелки ги означуваат насоките на нападот, а испрекинати црвени стрелки ги означуваат потенцијалните насоки на нападот доколку руските трупи постигнат напредок.

Областа под контрола на Русите е означена со црвено.

Кога ќе ја погледнете мапата објавена од британското Министерство за одбрана на 10 март, можете да видите голема промена. Пред само еден месец, најголемата борбена активност беше концентрирана околу Киев.

Руската армија целосно се повлече од северот на Украина кон Белорусија и Русија, соопштија вчера британските воени разузнавачки служби.

Британското Министерство за одбрана на „Твитер“ објави дека барем дел од руските сили кои се повлекле ќе бидат префрлени на истокот на Украина, за да се борат во Донбас.

Во соопштението од Министерството се наведува дека ќе биде потребно дополнување на единиците пред да се пресели на исток, а најверојатно ќе бидат потребни најмалку седум дена за да се пресели повеќе.

Според Министерството, руските сили напредувале појужно од градот Изиум, кој останува под нивна контрола. Ројтерс не можеше да добие независна потврда за извештајот.

Украинските власти во средата повикаа на евакуација во три провинции во близина на границата со Русија поради новите знаци дека трупите на рускиот претседател Владимир Путин ги зајакнуваат нападите врз источните и јужните градови по неуспешниот обид да го заземат Киев.

Локалните власти објавија уште едно руско гранатирање на источниот регион Доњецк, при што загинаа најмалку пет лица. Дури 10 високи станбени згради беа цел на напад во Северодонецк, во соседната област Луганск.

Американските аналитичари велат дека Москва почнала постепено да го префрла фокусот на своите воени операции кон источните погранични провинции, откако ги повлекла илјадниците војници кои претходно го опколиле главниот град, објави Вашингтон пост.

Претставници на Пентагон во средата потврдија дека Русија во вторник ја завршила евакуацијата на сите сили од околината на Киев.

Share
Scroll to Top