Новинарка интервјуираше талибанец иако жените се повлечени од телевизиите

пред 3 години

Иако жените се повлечени од ТВ-екранот, новинарка интервјуираше член на талибанската медиумска екипа во студио во живо, во еден од најголемите медиуми во Авганистан.

Новинарките претходно ги водеа вестите во Авганистан, но во голема мера беа отстранети од телевизиските екрани откако талибанците во неделата го зазедоа Кабул.

Новинарка од телевизијата „Толо њуз“ интервјуираше член на талибанската медиумска екипа во студиото во живо, пренесува Би-би-си. Шефот на „Толо њуз“, Мирак Попал, објави фотографија од тоа интервју на Твитер, како и фотографии на кои се гледа како жена облечена во хиџаб присуствува на утрински состанок во редакцијата на тој медиум.

Под владеење на талибанците, жените практично немаа никакви права, и пред талибанците да влезат во главниот град на Авганистан, отидоа дотаму што обоија многу излози на продавници на кои беа прикажани жени.

Share
Scroll to Top