Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина

Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина

пред 9 часа

Новиот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио денеска изјави дека завршувањето на руската војна во Украина ќе биде официјална политика на САД за време на претседателот Доналд Трамп, како дел од целта на таа администрација за промовирање на мирот.

„Официјалната политика на САД ќе биде дека војната мора да заврши и дека ќе направиме се што е можно за да го постигнеме тоа“, изјави Рубио за телевизијата Ен-Би-Си пред церемонијата на полагање заклетва во Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Рубио рече дека ќе биде „комплицирано, бидејќи секоја страна ќе мора да се откаже од нешто“.

Текстот Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top