Нови мерки во Баварија, пазарување само со закажување и со негативен тест

пред 3 години

Во германската покраина Баварија од денес може да се оди во многу продавници само со закажан термин и негативен тест.

Ова ново правило важи во сите региони каде што има зголемен број на заразени.

Продавниците за храна, супермаркетите, дрогериите, оптичарите и аптеките се изземени од оваа мерка.

Клиентите можат да влезат во сите други продавници само доколку имаат закажано термин и доколку биле тестирани на коронавирус.

ПЦР-тестот за влегување во продавница важи најмногу 48 часа, а антигенскиот 24 часа.

Share
Scroll to Top