Нови податоци во истрагата: Tерористот од Виена и претходно правел обиди да купи оружје

пред 3 години

Терористот од Виена, кој во понеделникот вечерта уби четири лица, во текот на летото се обидел да купи муниција во Словачка.

Словачката полиција за тоа ги известила своите австриски колеги, јавија денеска германските медиуми.

Кујтим Фејзулаи (20), Албанец по потекло од Македонија, тогаш не успеал да купи муниција затоа што немал дозвола за оружје, соопштија словачките власти, истакнувајќи дека нема да коментираат повеќе за да не се загрози тековната истрага во Австрија.

Австриското Министерството за внатрешни работи призна дека добиле информации од нивните словачки колеги, но не сакаа да коментираат повеќе за тоа.

Инаку Фејзулаи кон крајот на минатата година бил условно ослободен, откако надлежните органи оцениле дека во затворот се дерадикализирал, а според новите сознанија, какви што се информациите од Словачка, тој сепак бил радикален исламист, кој имал намера да го изврши напади.

Share
Scroll to Top