Новогодишнo обраќање на Путин: Зад нас е тешка година

пред 4 години

Годината во заминување беше тешка за сите нас, товарот од претходните месеци се чинеше дека трае со години, рече претседателот на Русија, Владимир Путин, во својата новогодишна порака.

Жителите на полуостровот Камчатка први во Русија ја дочекаа 2021 година, и Путин прво им се обрати ним (временската зона на Камчатка е 11 часа пред средноевропската).

„Почитувани граѓани на Русија, драги пријатели! Влеговте во 2021 година. Кога влеговме во 2020 година пред една година, се радувавме и верувавме во подобрување. Никој не можеше да предвиди што ќе се случи. Од оваа перспектива, годината во заминување беше многу тешка за сите нас. Ни донесе грижа, големи материјални проблеми и грижи. Некои ги загубија своите најблиски, ним им беше најтешко“, рече Путин, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека 2020 година беше година во која беа надминати несогласувањата и суетите, беа прикажани некои од најдобрите човечки и професионални квалитети и беше подигната свеста за тоа колку е важно да се имаат искрени, вистински односи меѓу луѓето.

„Ја поминавме годината достоинствено, на начин што ги обедини луѓето. Тоа се луѓе кои ги почитуваат традициите на нивните предци. Тие вредности, како што се храброста, сочувството и милоста, сè уште живеат во нашиот карактер и постапки”, истакна Путин.

Share
Scroll to Top