Нов рекорд во Русија – над 13 илјади заболени во еден ден

пред 4 години

Во русија се потврдени 13.634 нови случаи на Ковид-19, што е најгиолем број на новозаболени од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на потврдени случаи достигна 1.298.718. Од коронавирус досега починале 149 луѓе, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 22.597 луѓе, пренесе ТАСС.

Од коронавирус во последните 24 часа оздравеле 4.240 пациенти, а вкупниот број на оздравени е 1.020.442.

Русија по бројот на потврдени случаи е четврта во светот, после САД, Индија и Бразил.

Share
Scroll to Top