Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментов, 622 пациенти се во болница, а 38 се на апарати за дишење. Бројот на активни случаи е 6.459.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 28.287 лица заразени со коронавирус, од кои 393 починале. Вкупно оздравеле 21.435 луѓе, од кои 473 во последните 24 часа.
Во моментов има 24.242 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 411.947 лица, од кои 5.428 во последните 24 часа.
Ова е трет пат во една недела бројот на новозаболени на дневна основа да надминува илјада.