Грција регистрираше 40.560 нови случаи на коронавирус. Здравствените власти потврдија и 76 нови смртни случаи од Ковид-19.
Грција воведе нови ограничувања оваа недела и нареди кафулињата, рестораните и ноќните клубови да се затвораат на полноќ, да не се услужуваат стоечки гости и да не се пушта музика.
Исклучок е новогодишната ноќ, кога работното време може да биде до 2.00 часот по полноќ.