Норвешка ги испрашува своите министри за контактите и парите поврзани со Епстин

Норвешка ги испрашува своите министри за контактите и парите поврзани со Епстин

пред 2 часа

Единаесет сегашни и поранешни норвешки министри ќе одговараат пред парламентарна комисија во рамки на истрагата за постапувањето на Министерството за надворешни работи по откритијата поврзани со Џефри Епстин.

Сослушувањата треба да утврдат што знаеле функционерите за спорните активности на Министерството, меѓу кои и донациите за Меѓународниот институт за мир (IPI), тинк-тенк кој го водел Терје Ред-Ларсен, близок соработник на починатиот осуден сексуален престапник.

Пред комисијата ќе се појави и премиерот Јонас Гар Стере, кој беше министер за надворешни работи од 2005 до 2012 година.

Паралелно, норвешката агенција за економски криминал води истрага за наводи за корупција против поранешната амбасадорка Мона Јул, Ред-Ларсен и поранешниот премиер Торбјорн Јагланд.

На сослушување ќе биде повикан и поранешниот министер за надворешни работи Берге Бренде. Прашањата ќе се однесуваат и на неговата улога во Светскиот економски форум и контактите со Епстин, како и на одлуката Норвешка финансиски да го поддржи Форумот за време на неговиот министерски мандат.

Текстот Норвешка ги испрашува своите министри за контактите и парите поврзани со Епстин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top