Обединетите Арапски Емирати во вторник објавија дека ги напуштаат ОПЕК и ОПЕК+, што претставува голем удар за групата извозничка на нафта и нејзиниот де факто лидер, Саудиска Арабија. Одлуката доаѓа во време кога војната со Иран предизвика историски енергетски шок и ја наруши глобалната економија.
Министерот за енергија на ОАЕ, Сухаил Мохамед ал-Мазруеи, за Ројтерс изјави дека одлуката е донесена по внимателно разгледување на енергетските стратегии на земјата. На прашањето дали се консултирале со Саудиска Арабија, тој рече дека ОАЕ не разговарале за ова прашање со ниедна друга земја.
Излегувањето на ОАЕ од ОПЕК е победа за американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја обвини групата дека „го ограбува остатокот од светот“ со зголемување на цените на нафтата.
Текстот ОАЕ го напуштаат ОПЕК е превземен од МАКФАКС.





