Висок советник на претседателот на Обединетите Арапски Емирати изјави дека нападите на Иран врз земјите од Заливот ги приближуваат тие земји кон Израел и САД.
„Иранските напади со полн интензитет врз земјите од Заливот всушност ќе ја зајакнат улогата на Израел во Заливот, а нема да ја намалат“, рече Анвар Гаргаш на настанот на Советот за надворешни односи.
„Не гледаме 2.000 израелски ракети и дронови насочени кон нас. Гледаме 2.000 ирански ракети и дронови насочени кон нас“, додаде тој.
Тој нагласи дека ова дополнително ќе ги продлабочи односите со Израел. „За земјите што имаат односи со Израел, тој однос, според мене, ќе биде уште посилен. За земјите што немаат, очекувам да се отворат нови канали“, рече тој.
„Мислам дека тоа е исто така грешка во стратегијата на Иран, стратегија што всушност ќе го направи Израел помала закана, а Иран поголема“, истакна тој.
Тој, исто така, ја нагласи важноста на односите со САД во сегашниот конфликт.
„Во оваа војна, гледаме колку е важна врската со Америка. Иако понекогаш можеме да ја критикуваме за одредени одбранбени системи или за недостатокот на реакција, генерално мислам дека грешката на Иран, напаѓајќи го регионот, во никој случај не ја намалува улогата на САД. Мислам дека е посилна“, заклучи тој.
Текстот ОАЕ: Не гледаме израелски ракети и дронови насочени против нас, туку ирански е превземен од МАКФАКС.





