Објавени фотографии од американски хеликоптер погоден од Иран во Кувајт

Објавени фотографии од американски хеликоптер погоден од Иран во Кувајт

пред 4 часа

Транспортен хеликоптер на американската војска, модел „CH-47F Chinook“, е тешко оштетен во кампот Бјуринг во Кувајт, во напад за кој се претпоставува дека е изведен со ирански камиказа-дрон. Во инцидентот нема повредени.

Фотографиите од терен покажуваат сериозни оштетувања на кабината на пилотите, како и на предниот дел од роторот и лопатките. Според видливата штета, хеликоптерот најверојатно бил директно погоден или експлозијата се случила многу блиску, што довело до уништување на клучни делови неопходни за лет.

Експертски проценки укажуваат дека леталото веројатно не може да се поправи. Предниот дел од трупот е значително оштетен, а системот на роторот покажува јасни знаци на целосно уништување. Во вакви случаи, кога се зафатени и кабината и роторот, поправката најчесто не е исплатлива.

„CH-47 Chinook“ е еден од главните тешки транспортни хеликоптери на американската војска и се користи за превоз на војници, опрема, муниција и логистика на бојното поле.

Кампот Бјуринг останува важно американско воено упориште во Кувајт, од каде се поддржуваат операции и распоредување на сили низ регионот. Нападот врз ваква летачка платформа во добро обезбедена база покажува дека скапата воена техника и понатаму е ранлива на напади со еднонасочни дронови.

Овие дронови, кои се релативно евтини во споредба со целите што ги напаѓаат, сè почесто се користат за удари врз бази, авиони и инфраструктура. Дури и еден успешен напад може да предизвика голема оперативна штета, особено кога ќе биде онеспособено важно транспортно средство како „Чинук“.

Текстот Објавени фотографии од американски хеликоптер погоден од Иран во Кувајт е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top