Стотици празни, паркирани автомобили беа запалени во Франција на новогодишната ноќ, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен.
Бројот на запалени автомобили за време на оваа новогодишна ноќ – 874, сепак е Помал во однос на новогодишната ноќ во 2019 година, кога беа запалени 1.316 возила, наведе францускиот министер на Твитер, пренесе АП.
„ Помалиот број запалени автомобили се должи на масовното присуство на полицијата на улиците на француските градови и ограничувањето на јавните собири во моментот кога се шири инфекцијата предизвикана од новиот сој на коронавирусот, омикрон“, рече тој.
Податоци за тоа колку автомобили биле запалени во 2020 година не се достапни поради карантинот што беше воведен низ целата земја за време на пандемијата.
Во Франција, како и во другите земји, автомобилите се палат во текот на годината поради многу причини. Тие се запалени од банди кои ги кријат трагите на нивните злосторства и луѓе кои бараат лажно осигурување, наведува „Асошиејтед прес“.
Меѓутоа, на новогодишната ноќ, практиката на палење автомобили датира од 1990-тите, од регионот Стразбур во источна Франција, а ја започнале млади луѓе кои претежно живеат во сиромашните делови на градот, додава американската агенција.
Автомобили беа запалени и од млади луѓе за време на протестите поради станбените проекти што ја зафатија Франција во есента 2005 година. Полицијата тогаш изброила 8.810 запалени возила за помалку од три недели.