Ова се главните украински и руски барања во преговорите

пред 3 години

Втората рунда преговори меѓу украинската и руската делегација треба да започне во Белорусија во следниот час.

Минимална цел на украинските преговарачи е воспоставување хуманитарни коридори, односно рути за бегство на цивили од областите каде што се водат борбите. Ова го соопшти украинскиот преговарач Давид Арахами, кој на „Фејсбук“ објави и фотографија со колега од преговарачкиот тим пред хеликоптерот.

„Минимална цел – хуманитарни коридори. Понатаму, според околностите“, напиша накратко Арахами.

Барањата на Русија ги објави министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Лавров.

Тој рече дека Русија има три барања: Украина мора да се демилитаризира и денацифицира, да го признае Крим како дел од Русија, кој Москва го анектираше во 2014 година и формално да ги признае двата регионa Донецк и Луганск како независни држави, што Русија го направи пред десет дена.

Share
Scroll to Top