(Од минута во минута) Во Ирпин на сила е тридневен полициски час, Јапонија со дополнителни санкции кон Русија

пред 3 години

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 48. ден

Клучни настани

Во Ирпин на сила е тридневен полициски час

Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови

Зеленски: Украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол, но ни треба тешко оружје

Јапонија воведе дополнителни санкции кон Русија

Од минута во минута:

08.45 Во Ирпин кај Киев е на сила тридневен полициски час, денеска има девет коридори
На територијата на Ирпин, град во украинската Киевска област, се воведува полициски час за три дена, од 12 до 15 април, објави на Телеграм градоначалникот Александар Маркушин, пренесува агенцијата УНИАН.

08.35 Британија: Се очекуваат интензивни борби во источна Украина

Борбите во источна Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели, а Русија продолжува да ги пренасочува своите војници во таа област, објави денеска британското Министерство за одбрана во редовниот дневен извештај.

08.30 Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови

Агенцијата на ОН за деца, УНИЦЕФ, објави дека речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови во последните шест недели поради руската инвазија на нивната татковина.

08.10 Јапонија воведе дополнителни санкции кон Русија: Забранети се и нови инвестиции

Јапонската влада денеска одобри дополнителни санкции против 398 лица и 28 организации од Русија поради инвазијата на Украина. Конкретно, санкциите беа наметнати на претставниците на Државната дума, пишува Ројтерс.

08.00 Зеленски: Украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол, но ни треба тешко оружје

Во своето последно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол доколку им дадат тешко оружје.

Share
Scroll to Top