Руската инвазија на Украина влезе во петтиот ден. Ноќта беше релативно мирна, но утрото претходно Украина објави дека руска ракета погодила станбена зграда во Чернихив, град на 150 километри северно од Киев, а пријавила и експлозии во Киев и Харков.
Преговорите меѓу Русите и Украинците се водат на украинско-белоруската граница.
Клучни настани денес:
Украина побара итен прием во ЕУ по посебна процедура
Русија во текот на ноќта го нападна северниот град Чернихив и со проектил погоди станбена зграда, предизвикувајќи пожар во кој е повредена една жена, соопштија украинските власти.
Експлозии се слушнале во Киев и Харков нешто по 4 часот, соопшти Украина
Во тек се преговорите меѓу Русија и Украина
Руската рубља падна на рекордно ниско ниво, а руската централна банка ги зголеми клучните каматни стапки за повеќе од двапати
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека следните 24 часа би можеле да бидат критични за Украина
13:15 Фејсбук урива мрежа на дезинформации насочени кон Украина
Фејсбук и Инстаграм ја отстранија мрежата за дезинформации наменета за луѓето во Украина, бидејќи нивниот сопственик објави дека го блокира пристапот до медиумските организации во земјата поддржани од Кремљ.
Платформата Мета на Марк Цукенберг објави дека е откриена „релативно мала“ мрежа од околу 40 профили, страници и групи на две платформи за социјални медиуми.
Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи ги поздрави делегациите на Украина и Русија на разговорите , уверувајќи ги делегатите дека треба да се чувствуваат „целосно безбедно“, пишува Си-Ен-Ен.
– Драги пријатели, претседателот на Белорусија ме замоли да ви посакам добредојде и да обезбедам сè за вашата работа, како што е договорено со претседателот Зеленски и претседателот Путин. Овде можете да се чувствувате сосема безбедно. Тоа е наша света должност – рече Макеи.
12: 55 Кулеба: Прекинете ги сите деловни врски со Русија
Министерот за надворешни работи на Украина, зборуваше за руската инвазија и бизнисот со Руската Федерација.
– Прекинете ги сите деловни врски со Русија. Сите тие. Водење бизнис со Русија денес значи финансирање на агресија, воени злосторства, дезинформации, сајбер напади. Прекинете се со Хитлер од 21 век по име Владимир Путин – напиша тој на Твитер.
12:50 Прво видео од преговорите: Русија и Украина на тркалезна маса
$bp(“my-player”, {“id”:”23759″,”width”:”940″,”height”:”529″,”video”:”963813″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека ќе го смени министерот за одбрана Стефан Јанев, по неговото одбивање да ја нарече руската инвазија војна.
Петков рече дека коалициската влада ќе се состане во текот на денот за да гласа за смената на министерот и да предложи нов министер за одбрана. Петков рече дека сите коалициски партнери се согласиле Јанев да биде отстранет од функцијата.
„Мојот министер за одбрана не може да го користи зборот операција наместо зборот војна. Не можете да кажете операција кога веќе се убиени илјадници војници од двете страни“, рече Петков.
12:20 Премиерот на Украина: Украина набргу ќе поднесе барање за членство во ЕУ
Денис Шмигал денеска изјави дека Украина набргу ќе поднесе барање за членство во ЕУ според посебна, поедноставена процедура.
„Украинците одамна докажаа дека сите ние сме составен дел од европската заедница. Време е тоа да се стави на хартија“, се вели во соопштението на Смигал, пренесува UNIAN.
12:15 Кремљ: Прерано е да се сумираат резултатите од воената операција
Кремљ денеска не сакаше да го коментира напредокот на Русија во воената операција во Украина.
„Мислам дека не е време да ги сумираме резултатите од воената операција, треба да почекаме операцијата да заврши“, изјави денеска за време на прес-конференција портпаролот на Кремљ, пренесе Си-ен-ен.
12:10 Зеленски: Ќе ги ослободиме затворениците што сакаат да се борат против Русите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе ги ослободи од затвор затворениците што имаат искуство во борба и сакаат да се борат против руската инвазија.
12:05 „Тајмс“: Путин испраќа 400 платеници во Киев за да го убијат Зеленски
Британски „Тајмс“ објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од речис 400 платеници од т.н. вагнер-група за да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Групата „Вагнер“ е приватна милиција, која, според Тајмс, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски, како и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина.
12: 00 (Видео) Почнуваат преговорите меѓу Москва и Киев – двете делегации се сретнаа во Белорусија
11:40 Украинската армија тврди дека им нанела огромна штета на руските сили
Киев тврди дека во борбите загинале 4.500 руски војници, а уништени се стотици тенкови, оклопни возила, хеликоптери и авиони.
Ова е петти ден од руските напади врз Украина.
11:35 Украински амбасадор: Секој окупатор на наша територија ќе добие куршум во главата
Украинскиот амбасадор во Србија, Олександр Александрович, изјави дека секој окупатор што ќе влезе во неговата земја ќе добие истрел во главата.
Како гостин во утринската програма на ТВ „Прва“, тој рече дека секој ден од борбата во Украина значи дека поддршката за неговата земја расте.
„Немаме друг избор бидејќи, ако ги пуштиме, тоа ќе биде вистински геноцид врз сите жители на Украина, 42 милиона. Имаме поддршка од Западот, но и од целиот свет. Ниту една земја не ја поддржа оваа агресија“, посочи Александрович.
11: 30 Жителите на Мариупол: Опколени сме од руски сили и под силен напад
Жителите на Мариупол утрово изјавија дека пристанишниот град на Азовското Море е опколен од руски сили и под силен напад, пишува „Гардијан“.
Сепак, тие не можеа да потврдат дали руските маринци слетале на брегот и го окупирале пристаништето, домот на малата украинска флота и командниот брод „Донбас
11:15 НАТО продолжува да испраќа оружје во Украина
Сојузниците на НАТО ќе ѝ достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави денеска на „Твитер“ генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека имал уште еден телефонски разговор со украинскиот претседател.
„Само што разговарав со претседателот Володимир Зеленски и го пофалив за храброста на народот и вооружените сили на Украина“, рече Столтенберг.
11:10 (Видео) Зеленски побара итен прием на Украина во ЕУ
??Zelensky: “When I planned to become a president, I said that each of us is the president. Because we are all responsible for our beautiful #Ukraine. And now it has happened that each of us is a warrior… And I am confident that each of us will win.”
pic.twitter.com/AawPtF7mLi— Ukraine News ?? (@UkraineNews0) February 28, 2022
11: 10 Зеленски до руските војници: Бегајте и спасете си ги животите
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им се обрати на руските војници во видео порака преку „Фејсбук“.
Тој ги повика руските војници да го положат оружјето и да дезертираат.
„Оставете го оружјето. Оставете ја опремата. Заминете одовде. Не им верувајте на вашите команданти. Не верувајте им на вашите пропагандисти. Спасете ги своите животи“, рече Зеленски.
11.00 Делегацијата на Украина на преговорите ќе бара прекин на огнот
Клучното прашање на преговорите за украинската страна е постигнувањето сегашното примирје и повлекувањето на руските војници од украинската територија, соопшти канцеларијата на Зеленски на почетокот на мировните преговори во Белорусија.
Украинската делегација пристигна порано со хеликоптер на местото на преговорите со Русија, јави дописникот на „РИА новости“.
Укинат полицискиот час во Киев
Дводневниот полициски час во Киев е укинат бидејќи руските војници напредуваат во радиус од 30 километри од главниот град на Украина, пишува Би-би-си.
Русија ги повикува украинските цивили да го напуштат Киев
Руското Министерство за одбрана ги повика украинските цивили да се евакуираат од Киев нагласувајќи дека е отворен коридор за заминување на жителите, пренесува РТ.
(Видео) Украинската делегација пристигна со хеликоптер на разговори со Русија
Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека украинската делегација пристигнала на украинско-белоруската граница на разговори со Русиjа.
The delegates arrived at the negotiating venue by helicopter. pic.twitter.com/jumBclmFwf
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2022
Делегација од Украина на местото на средбата пристигнала со хеликоптер, се вели во видеото што го објави „РИА новости“.
Чеченците од Австрија тргнаа во војна во Украина – но не да се борат на страната на Русите
Многу Чеченци од Европа, вклучително и Австрија, во моментот патуваат на украинскиот фронт, но не за да се борат на страната на Русите, како што сака чеченскиот претседател Рамзан Кадиров, тврди виенскиот весник „Кронен цајтунг“.
Илјадници Чеченци живеат во Австрија и тие се бегалци во таа земја. Весникот цитира изјава на неименуван Чеченец од Виена, кој рекол дека неговите двајца познајници, заедно со двајца од Германија, отишле во војна во Украина.
Тие тврдат дека сакаат да се борат како странски борци на страната на Украинците против Русите.
(Видео) Редици пред банкоматите во Москва
Footage from @novaya_gazeta of panic at ATMs in Moscow as Russia’s currency crashes. https://t.co/3t4ApXGRLQ pic.twitter.com/rgnrwdUPY5
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) February 28, 2022
Руското Министерство за одбрана тврди дека ја презеле контролата врз Украина
Руската војска тврди дека ја презела контролата врз украинскиот воздушен простор, пишува Си-ен-ен.
„Руските воздухопловни сили стекнаа воздушна надмоќ над целата територија на Украина“, се вели во соопштението на генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.
Болсонаро го исмева Зеленски: Украинците му веруваат на комичарот
Десничарскиот претседател на Бразил, Болсонаро, вчера на прес-конференција го исмеа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека „украинскиот народ ги положи своите надежи во рацете на комичарите“.
Европската унија направи чекор без преседан и испраќа оружје во Украина
Претседателката на Европската комисија: Украина е една од нас, сакаме таа да ѝ се приклучи на ЕУ
Претседателката на Европската комисија изрази недвосмислена поддршка за Украина да стане членка на Европската унија нарекувајќи ја земјата што сега е нападната од Русија „една од нас“.
Таа го изјави ова во интервју за „Евроњуз“ неколку часа откако блокот од 27 нации одлучи да ѝ достави оружје на земјата за време на војната првпат во нејзината историја.
„Навистина, со текот на времето тие ни припаѓаат нам. Тие се едни од нас и сакаме да влезат во блокот“, изјави таа.
Зеленски: Следните 24 часа се клучен период за Украина
Во телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека верува оти следните 24 часа ќе бидат клучен период за Украина бидејќи борбите продолжуваат во целата земја.
Белорусија: Сѐ е подготвено за почеток на преговорите меѓу Русија и Украина
Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека сѐ е подготвено во Белорусија земјата да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина.
„Се чека пристигнувањето на делегациите“, објави белоруското Министерство на „Твитер“ заедно со фотографија од местото на кое ќе се водат преговорите.
Украинскиот министер за одбрана: Војната стана европска и Европа го сфати тоа
Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, се огласи на „Фејсбук“, каде што испрати силна порака до Украинците, но и до целиот свет.
„96 часа отпор, 4 дена посветеност, храброст, посветеност и верба“, пишува Резников додавајќи дека постои силно верување оти непријателот, кој убива жени, деца и уништува градови, ќе биде казнет.
Тој истакнува дека војната станала европска и дека Европа, конечно, го сфатила тоа.