(Од минута во минута) Лавров пристигна во Кина, Русите бележат загуби, Мариупол целосно уништен

пред 2 години

Денес е 35. ден од руската инвазија на Украина

Клучни настани

Лавров пристигна во првата посета на Кина од почетокот на руската инвазија на Украина

Руските војници бележат загуби, дел од нив се повлекуваат од Украина

Украина ја забранува работата на московската патријархија

Сателитски снимки од Мариупол – остана само името од градот

Од минута во минута:

09.35 Британија: Русите се принудени да се вратат во Белорусија и Русија за да се реорганизираат

Британското воено разузнавање соопшти дека руските војници кои претрпеле големи загуби во Украина биле принудени да се вратат дома и во соседна Белорусија за да се реорганизираат и да се снабдат

09.30 Западот ја обвини Русија дека предизвикува глад во светот

Русија беше обвинета пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека предизвикува глобална криза со храна и ги става луѓето во ризик од глад со започнување на војната во Украина, која е житница на Европа

09.20 Си-Ен-Ен објави вознемирувачко видео од Ирпин: Покрај урнатините од зградите, на улиците има и тела на цивили

Си-Ен-Ен објави видео од уништувањето во Ирпин, град кој од понеделникот е вратен под контрола на Украина. Според Си-Ен-Ен, обемот на уништувањето може да се види на видеото што го обезбеди невладината организација „Украински проект за сведоци“.

09.00 САД ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија

Соединетите Американски Држави издадоа ново предупредување за патување во Русија, напоменувајќи дека руските власти би можеле да ги изолираат и приведат Американците во земјата

08.50 Сателитски снимки од Мариупол – остана само името од градот

Шефот на мисијата на Обединетите нации за човекови права во Украина, Матилда Богнер изјави дека во Мариупол може да има илјадници цивилни жртви. Таа за „Ројтерс“ изјави дека мисијата нема точна проценка, но работи на собирање повеќе информации

08.30 Руските војници бележат загуби, дел од нив се повлекуваат од Украина

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за настаните во Украина, во кој се наведува дека руските војници бележат големи загуби и се принудени да ги реорганизираат своите капацитети

08.20 Украина ја забранува работата на московската патријархија

Врховната рада на Украина регистрираше предлог-закон за забрана на Московската патријаршија во Украина

08.10 Лавров пристигна во првата посета на Кина од почетокот на руската инвазија на Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Кина, што е негова прва посета на земјата откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари

08.00 Британско аташе: Русите не успеаја да го опколат Киев

Британското Министерство за одбрана соопшти дека е речиси сигурно оти руската офанзива не успеала во целта да го затвори обрачот околу Киев

Share
Scroll to Top