Од понеделник учениците во Франција нема да мораат да носат маски

пред 3 години

Од 4 октомври, учениците во Франција повеќе нема да мора да носат заштитни маски за лице, во основните училишта во области со ниска стапка на инфекција со Ковид-19, според владиниот декрет објавен денеска.

Париз и околните предградија не се меѓу 47-те административни области во кои ќе престане да важи мерката задолжително носење маски, покажаа податоците од Министерството за здравство.

Овој потег доаѓа откако ситуацијата во Франција се подобри, откако владата ја засили кампањата за вакцинација.

Областите каде што маските ќе престанат да бидат задолжителни во основните училишта мора да имаат помалку од 50 случаи на ковид на 100.000 граѓани пет последователни дена.

Портпаролот на француската влада, Габриел Атал вчера изјави дека Франција планира да ја продолжи вонредната состојба до следното лето, како дел од борбата против епидемијата.

Share
Scroll to Top