Од утре во цела Србија вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ е можна без закажување.
Според најавите, од среда во Белград и Нови Сад, и од четврток и петок во цела Србија истото ќе биде можно и со вакцината „Спутник В“.
Локалните самоуправи ќе бидат вклучени во акцијата со цел да ги повикаат граѓаните на вакцинација.
Вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ без закажана средба ќе биде можна за домашните државјани и за странците со постојан престој, но не и со регистрација на живеење од неколку дена. Исто така, странците што живеат во Србија ќе можат да се вакцинираат без закажан термин, но не и оние кои дошле само да се вакцинираат.