Продолжува војната во Украина.
Клучни моменти:
Утринава целосно беше прекинат приливот на руски гас во Полска откако Русија најави прекин на испораките бидејќи Варшава одби да плати во рубљи
Советникот на Зеленски даде свое предвидување за тоа колку долго ќе трае војната
Експлозии во близина на рускиот град Белгород. Гори магацин за муниција, соопштија локалните власти. Пожарот во меѓувреме бил изгаснат
Борис Џонсон не верува дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје
Руските вооружени сили погодија четири украински магацини за оружје, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.
Бугарија потврди дека Русија од утре ќе ја прекине испораката на гас за земјата
ОН тврдат дека Путин „начелно се согласил“ ОН и Црвениот крст да евакуираат цивили од фабриката за челик Мариупол
Од час во час:
09:15 (Видео) Изгаснат пожарот во складиштето за муниција кај рускиот град Белгород
Пожарот во складиштето за муниција во близина на рускиот град Белгород е изгаснат.
„ Пожарот кај селото Стараја Нелидовка е изгаснат“, напиша регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
$bp(“Brid_51039783”, {“id”:”26456″,”width”:”647″,”height”:”364″,”video”:”1000955″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович оцени дека војната со Русија би можела да трае до крајот на оваа година.
„ Оружјето што неодамна го набавија украинските сили може, сепак, „сериозно да влијае“ на борбите кон крајот на мај или почетокот на јуни. Војната најверојатно ќе продолжи уште многу месеци, „мора да бидеме подготвени за долга приказна“ рече Арестович во интервјуто објавено на „Јутјуб“.
09:10 Советникот на Зеленски даде свое предвидување за тоа колку долго ќе трае војната
Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович оцени дека војната со Русија би можела да трае до крајот на оваа година.
„ Оружјето што неодамна го набавија украинските сили може, сепак, „сериозно да влијае“ на борбите кон крајот на мај или почетокот на јуни. Војната најверојатно ќе продолжи уште многу месеци, „мора да бидеме подготвени за долга приказна“ рече Арестович во интервјуто објавено на „Јутјуб“.
09:05 Шефицата на британската дипломатија: Ако Путин успее, страдањето во Европа ќе биде незамисливо
Земјите кои се противат на руската инвазија на Украина мора да ја удвојат поддршката за Киев, вклучително и снабдувањето со тешко оружје, тенкови и авиони, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
„ Илјадници луѓе беа убиени во најголемиот напад на европска земја од Втората светска војна и направи хаос низ Украина, принудувајќи го Западот да го преиспита својот пристап кон заштитата и глобалната стабилност“ порача таа.
08:57 Серија експлозии околу рускиот град Белгород, запалено складиште за муниција
Серија експлозии одекнале утрово во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков и додаде дека гори складиште за муниција.
08:53 Зеленски: Зад експлозиите во прорускиот регион Молдавија стојат руски специјални служби
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските специјални служби стојат зад серијата експлозии во прорускиот отцепен регион Молдавија.
Во Приднестровје, кое се граничи со Украина, последните денови имаше голем број напади. Уништени се две радиокули, нападната е воена единица, имаше експлозии и во Министерството за државна безбедност, кое наводно било погодено од фрлач на гранати.
08:44 „Гаспром“: Ги прекинавме сите испораки на гас за Полска и Бугарија
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ тврди дека ги прекинал сите испораки на гас и за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да почнат да плаќаат за испораките во рубли.
Претходно, и полските и бугарските добавувачи на гас соопштија дека добиле официјални известувања од „Гаспром“ дека испораките ќе бидат прекинати.
08:38 Џонсон: Не верувам дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не очекува рускиот претседател Владимир Путин да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина.
08:30 Конашенков: Погодени четири украински складишта со оружје
Руските вооружени сили со прецизни ракети погодија четири украински магацини за оружје во областа Славјанск и Дружковка (фронтот Донбас), соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.
„ Ракетните сили и артилерија завршија 100 задачи во текот на денот. Погодени се пет командни центри на украинските сили, 81 позиција на војниците, како и осум артилериски батерии“ изјави Конашенков, пренесува „Спутник“.