Во Полска од 12 февруари ќе бидат повторно отворени хотелите, кината и театрите, кои ќе можат да работат со максимум 50 проценти од капацитетот, рече премиерот Матеуш Моравјецки.
Мерките најпрво ќе бидат во сила две недели, по што ќе се направи процена на нивното влијание, пренесува „Ројтерс“.
Од 12 февруари ќе бидат дозволени спортови на отворено, рече Моравјецки, што значи дека ски-патеките ќе можат повторно да работат. Спортските сали, сепак, ќе останат затворени, додека рестораните сепак ќе можат да служат само порачки за носење.