Околу 20.000 луѓе претходниот ден преку хуманитарен коридор успеаја да го напуштат опколениот Мариупол.
Според заменик-началникот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко, граѓаните биле евакуирани со околу 4.000 приватни возила, од кои 570 отишле во градот Запорожје, додека останатите ја поминале ноќта на други места на патот, пренесува АП.
Мариупол, стратешки важен пристанишен град со 430.000 жители на Азовското Море, е под опсада на руските сили повеќе од 10 дена.
Според украинските тврдења, повеќе од 2.300 луѓе загинале во гранатирањето.