Олаф Шолц нов канцелар на Германија

пред 3 години

Лидерот на социјалдемократите, Олаф Шолц, објави дека постигнал договор за преземање на функцијата германски канцелар, пренесува АФП.

Шолц се согласи за составот на новата влада со Партијата на зелените и либералите.

Кандидатот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за канцелар Олаф Шолц најави дека утре ќе започнат преговори за формирање „семафорска коалиција“.

Во краткото соопштение, Шолц напиша: „утре почнува“.

СПД утре ќе започне разговори со Зелените и Партијата на слободата (ФДП), со кои може да формира мнозинска влада.

„ Граѓаните дадоа наредба на СПД да формира влада, а наше е да го сфатиме тоа“, нагласи Шолц.

Тој посочи дека станува збор за напредок на Германија, дека новата влада мора да спроведе економска и индустриска модернизација и дека ја интензивира својата борба против климатските промени.

„За тоа ќе разговараме“, објави Шолц.

Разговорите ќе се одржат утре од 11 до 17 часот во „СитиТјуб“ на саемот во Берлин, објави СПД.

Доколку овие три страни постигнат договор, Германија, по 16 години владеење на Ангела Меркел, повторно ќе добие социјалдемократска влада.