Во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во просек на секои 10 минути е убиено по едно дете, а две деца се повредени, соопшти денеска канцеларијата на ОН во Женева повикувајќи се на податоците на Палестинската агенција за бегалци (УНРВА).
„Децата не смее да бидат цел“, се истакнува во објавата на ОН на „Икс“.
ОН вчера објавија дека речиси 4.000 деца загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври и предупредија дека ситуацијата за децата во областа е катастрофална.
Текстот ОН: Во Газа на секои 10 минути умира по едно дете е превземен од МАКФАКС.