ОН: Најмалку 108 цивили убиени во јануари во Етиопија

пред 2 години

Канцеларијата за човекови права на ОН (ОХХР) денеска предупреди на „бројни, многу вознемирувачки извештаи“ за воздушни напади во регионот Тигар во Етиопија, наведувајќи дека најмалку 108 цивили се убиени во областа од почетокот на јануари.

„Најмалку 108 цивили се убиени, а 75 се ранети од почетокот на јануари, според извештаите, како резултат на воздушни напади наводно извршени од етиопските воздухопловни сили“, изјави за новинарите Лиз Тросел, портпаролка на ОХХР.

Станува збор за напад на приватен минибус, аеродром и камп за раселени лица, рече Тросел, нагласувајќи дека во нападот на бегалскиот камп загинале најмалку 59 лица и дека тоа е најкрвавиот напад оваа година, пренесе Ројтерс.

Share
Scroll to Top