Унгарскиот премиер Виктор Орбан му се обрати на украинскиот претседател Володимир Зеленски и изјави дека „земјите-членки ги одредуваат условите, а не земјите-кандидатки“.
„Почитуван господине претседателе, вие сте на погрешен пат. Приклучувањето кон ЕУ е процес базиран на заслуги“, напиша Орбан на својот профил на платформата „Икс“.
Неговиот коментар беше одговор на зборовите на украинскиот лидер дека е важно Украина да стори сè што е можно за да биде технички подготвена да се приклучи кон ЕУ до 2027 година.
„Сакам конкретен датум. Ако нема датум договорот што Америка, Русија – особено Путин, јас како претседател на Украина и Европа го потпишуваме, тогаш Русија ќе стори сè за да го блокира процесот“, објасни Зеленски.
Според „Политико“, ЕУ развива план што би можел да ѝ одобри на Украина делумно членство во блокот уште следната година. Овој план Орбан вчера го нарече „воен план“.
Текстот Орбан до Зеленски: Условите за пристапување во ЕУ ги диктираат земјите-членки е превземен од МАКФАКС.






